Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Од:

Ова е аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира. Да одиме со ред, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче лично имал профит од препродажбата на трипати поскапиот јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година.

Најскап договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, е со компанијата „Зобек мининг груп“.

Договорот со „Зобек мининг“ бил склучен во септември 2023 година, првично за испорака на 200 илјади тони јаглен за РЕК „Битола“ во рок од една година. Со два анекса количината на испорака била зголемена, прво за 40 илјади тони, а потоа за уште 48 илјади тони, со што доаѓа до вкупна цифра од 288 илјади тони.

Според официјално соопштение од „Лигниторихиа Ахладас“, рудникот во Грција каде се копал јагленот, пратено до грчкото Министерство за енергетика, а до кое дошле истражувачките новинари од Македонија, од овој рудник во 2023 година во Македонија биле продадени 768 827 тони лигнит, по цена помеѓу 28-30 евра по тон.

Тоа е три пати помалку од тоа што Зобек мининг груп продава.

Зобек мининг груп е компанија која води директно до Венко Филипче.

Ова е возилото Ауди Q8 кое Венко Филипче го вози од изборната кампања наваму. Истото е купено на лизинг од компанијата Зобек мининг груп и дадено на Венко Филипче.

Газдата на Зобек мининг груп за новинарите потврдил дека тој го купил аудито на Венко Филипче, преку фирмата која препродавала три пати поскап јаглен на ЕСМ и дека сега возилото е на Филипче.

Ова е фрапантно и безобразно. Народот плаќа поскапа струја денес за Венко Филипче да вози Ауди Q8. И истиот овој Венко Филипче без грам срам води политичка партија и бара гласови.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?