Петровска контра Чулев: Не е утврдено кога е направена снимката со Мицкоски во теретана, МВР нема да се претвори во МВРО-ВМРО

Од:

Техничката-заменик министерка, Славјанка Петровска, напсроти тврдењата на министерот Наќе Чулев кој кажа дека снимката со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е стара, таа тврди дека се уште не е утврдено кога е направена снимката. Според неа, истрагата и натаму не е завршена.

„Во врска со објавената снимка од Мицкоски и полициски службеници во теретана, во интерес на вистината информирам дека МВР се уште не утврди од кога потекнува снимката и затоа никој, па ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена. Случајот со Мицкоски и теретаната нема да се затвори затоа што некој има наредба по секоја цена да ги заштити Мицкоски и Бисовски. Бидејќи МВР се уште нема утврдено на кој датум е направена снимката, истрагата за потенцијално неодговорното и несовесно однесување на лица кои во време на пандемија ги кршат мерките се уште не е завршена. Кривично дело е и прикривање на кривично дело. Обидите МВР да се претвори во МВРО-ВМРО ќе бидат неуспешни. Одговорност мора да има за секој кој неодговорно се однесува, без оглед на неговата позиција во општеството“, вели Петровска.

Претходно, министерот Чулев информираше дека полицајци разговарале со вработени во теретаната кои потврдиле дека објектот не работи по донесувањето на мерките на Владата, притоа, дека снимката е стара бидејќи не се гледа дека на вратите се залепени известувањата дека објектот не работи.

Снимката на која се гледа Мицкоски во теретана беше објавена на „Твитер“ пред неколку денови.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он