Петровска контра Чулев: Граѓаните чии документи се најдени кажале дека им се земени поради долг, а не поткуп

Од:

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска го обвини техничкиот министер дека не споделил клучни информации поврзани со претресот во Штип каде се пронајдени лични карти и патни исправи. Според неа, сите сослушани граѓани изјави дека личните документи не им се земени поради поткуп туку поради долг.

„Очајници прават очајнички потези. Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже. Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано и во известувањето до ОЈО. Известувањето во кое е наведено дека не се спомнува ниту една политичка партија , а е доставено до ОЈО е потпишано и од началникот и од дополнителниот начлник на СВР Штип. Со ова очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели“, пишува Петровска.

Таа повика припадниците на министерството да не подлегнуваат на партиски притисоци и секој сомнеж за кривично дело да го докажат во соодветна постапка со соопштување факти.

Претходно, Чулев објави дека сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица, ако на изборите гласаат за СДСМ.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!