Петров: Бериша и Тачи славеа во центарот на Скопје, а Иванов и Груевски побегнаа

Од:

Вчерашната централна прослава на 100 годишнината од албанското знаме и државност, СДСМ ја оценува како кулминација на неодговорното, погрешно и крајно навредливо однесување на владините коалициони партнери и понижување на  македонското достоинство.

Суверенитетот и националното достоинство на Република Македонија, велат, дополнително беше понижено, со фактот што во центарот на Скопје, во салата “Борис Трајковски“ гостите од соседните Албанија и Косово, премиерите Бериша и Тачи славеа, а претседателот Иванов и премиерот Груевски избегаа.

„Едниот се сокри во својата вила на Водно, а другиот избега во ненајавена посета на САД.Значи, гостите на големо славеа, а домаќините избегаа и ја оставија куќата празна! Ако Република Македонија е наша заедничка куќа, тогаш Иванов и Груевски мораа да го демонстрираат националниот суверенитет на Република Македонија. Тие со своето бегство ја остапија територијата на Република Македонија“, рече Андреј Петров.

И ова , потсети не е прв пат да избегаат. На неодамнешната прослава на 100 годишнината од Кумановската битка во Зебрњак, српскиот претседател Николиќ и премиерот Дачиќ, исто така славеа на македонска територија без присуство на домаќините Иванов и Груевски.

„Кој друг, ако не претседателот и премиерот на Република Македонија, како носители на државниот суверенитет, се обврзани да го заштитат македонското национално достоинство?Ваквото однесување покажува дека наводниот патриотизам на Груевски се сведува само на лажно удирање во гради.За скандалот во Слупчане, премиерот Груевски побрза да истакне дека немало да дозволи да се понижува македонското достоинство, а сега никаде го нема.Дали премиерот Груевски смета дека сега не беше загрозено македонското достоинство и чувствата на македонскиот народ?Договорениот хаос кој во бранови ни го сервираат владините партнери прави ненадоместлива штета на меѓуетничките односи и создава длабоки поделби во македонското општество. И за овој негативен тренд одговорноста е исклучиво нивна““, рече Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација