Петров: СДСМ е подготвен да поддржи кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево

Од:

СДСМ е подготвен да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево на локалните избори. Ова, за А1, го најави пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров.

„Она што им го кажавме на нашите политички опоненти од ВМРО-ДПМНЕ е дека за Кичево сме спремни да соработуваме. Нека понудат кандидат кој ужива доверба кај народот и СДСМ ќе го поддржи“, рече Петров.

Во однос на Струга, Петров вели дека ВМРО-ДПМНЕ еднаш веќе го прекршил договорот со нив.

„За Струга минатиот пат имамвме обид, меѓутоа бевме непријатно изненадени од нивна страна. Тие го нарушија договорот кој претходно го постигнавме.

– Секогаш кога некој ќе го изгуби кредибилитетот потоа тешко го враќа. За Струга потребен е поширок коалиционен настап на престојните локални избори за да може да се победи актуелниот градоначалник Рамиз Мерко кој најавува дека повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Струга.

– Сметам дека во Струга имаме шанса со коалиционен настап да победиме. Кога зборувам за коалицирање, зборувам за партиите од опозицијата во Струга“, изјави за А1, Андреј Петров-Генерален секретар на СДСМ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штерјова: Дата-центрите ризик за водата, струјата и сметките на граѓаните

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Горан Наумовски