Петров: „Работното лето“ ја активира и владата да поработи

Од:

СДСМ тврди дека со проектот „Работното лето“ ја активирала власта „да ги исполни своите заборавени ветувања кон граѓаните“.

Според генералниот секретар на партијата Андреј Петров, тоа е индиректна корист за граѓаните кои и самите ја забележале.

„По митинзите во Струмица, Штип и Велес, како приоритет и обврска на нашите ново- избрани градоначалници ги поставивме гасификацијата и патната мрежа. Наеднаш на владата и текна дека имале ветување дека ќе граделе пат од Велес до Струмица. Седум години километар не направија сега наеднаш почнаа процедура за патот Велес – Штип – Струмица. Зошто? Затоа што СДСМ беше таму и се сретна со десетици илјади граѓани, кои јавно и порачаа на владата дека целосно ја запоставила инфраструкутрата во источна Македонија.

Потоа на распоред дојде Прилеп, па додека траеа посетите на нашето раководство по прилепските села, стигна абер дека се исплаќаат субвенциите за земјоделците. Иако се работи за законска обврска на владата, граѓаните на средбите ни изразуваа благодарност за проектот „Работно лето“, бидејќи во спротивно парите ќе ги чекаа догодина.

Кога на средбите со граѓаните во Куманово и Крива Паланка го посетивме гасоводот и го потенциравме фактот дека пругата кон Бугарија е оставена дотаму докаде СДСМ ја остави, еве веќе втора недела, гасоводот стана приоритет за владата, а и им текна и дека довршувањето на пругата го ветуваат веќе неколку изборни циклуси по ред.

На градоначалникот на Крива Паланка, дури му текна дека има обврска и да прска против комарци, па баш тој викенд реши да ја реализира и таа обврска.

Сакаме да ја потсетиме владата дека СДСМ беше и на хидро-електраната „Козјак“ и на далноводот Битола – Скопје, каде покажавме кои се приоритетни и продуктивни инвестиции во енергетиката. Ги потсетуваме, затоа што пропуштија повторно да ги најават осумте милијарди за инвестиции во енергетиката, гасификацијата, нуклеарна централа, вардарска долина и воопшто инфраструктурата. Овие осум милијарди веќе еднаш ги најавија пред изборите во 2009-тата, сега е добар момент да ги повторат.

Дополнително, ја инфромираме владата дека следниот викенд сме во Богданци но и околните општини, а потоа се селиме во Неготино со околината. Нека проверат дали имаат и таму неисплатени субвенци и други нереализирани законски обврски, дали имаат заборавени ветувања бидејќи граѓаните очекуваат активности на владата и локалната самоуправа во овие краишта бидејќи се на агендата на „Работното лето“ на СДСМ“, рече Андреј Петров.

 

Би можело да ве интересира

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов