ФОТО: Петров прикажа 3D анимација на планираната детска градинка во Злокуќани

Од:

Три – де анимација на планираната детска градинка во Злокуќани прикажа на денешната средба со новинарите кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Карпош, Андреј Петров, со што, вели, се покажува дека нивната програма е реална, а не е само на хартија.

Gradinka_02

Според него, станува збор за еден сосема нов концепт на уредување на просторот, како дел од неговата и изборната програма на СДСМ, при што ги користат врвните технологии за уредување на просторот.

Gradinka_04

Она што денеска го презентираме претставува највисок свтески стандард на претставување на уредување на просторот – детската градинка во Злокуќани, која е во тродимензионална форма спуштена на постоечката локација, онаму кај што припаѓа, да диши заедно со просторт во кој што се наоѓа. Со ова сакаме на жителите на Карпош да им ставиме на знаење дека имаме една сериозна програма и дека ова е само почеток на низа вакви проекти кои ќе може да ги гледате во следните денови презентирани, како дел од оваа изборна програма. Програма, која на почетокот беше потценета, но, за среќа на граѓаните е реална, остварлива и многу подобра од онаа која ја нуди алтернативата, рече Петров.

gradinka 5

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно