(ВИДЕО) Петров: Посетивме 80% од населението во Општина Карпош

Од:

Во текот на досегашната кампања „Врата до врата“ се посетени 80 проценти од населението во Општина Карпош, при што се остварени директни контакти и разговори со граѓаните, информираше денеска кандидатот за градоначалник Андреј Петров од „Сојузот на иднината“.

– Ги посетуваме секој дом, секој стан, секоја куќа секое семејство во Општина Карпош сакајќи да им ја претставиме мојата програма и програмата на мојата политичка партија – СДСМ и Сојузот за иднината, изјави Петров и потсети дека кампањата „Врата до врата“ е носечката активност на „Сојузот за иднината“ предводен од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и негова како кандидат за градоначалник за Општина Карпош.

Според него, имале позитивен одговор и одличен прием од страна на граѓаните, коментари за поддршка на неговата Изборна програма, како и сугестии, рече Петров, кои ќе бидат земени предвид при работењето во следниот четиригодишен мандат на неговата администрација во Карпош.

Петров најави дека ќе продолжи со посети на домовите на карпошовци со позитивната кампања и пристап, барајќи ја поддршката од граѓаните за продолжување на, потенцира, успешната приказна во Карпош, но и за подобра иднина на нашите граѓани и на нашата земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија