(ВИДЕО) Петров: Неодговорното однесување на партнерите во власта го руши угледот на државата

Од:

Во последниот период целата јавност е сведок на политичките препукувања помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, во текот на кои две работи станаа кристално јасни неодговорното однесување на партнерите во власта го руши угледот на државата, ги продлабочува тензиите во македонското општество и во ситуација на голема политичка и економска криза ги прави граѓаните заложници на политичките каприци на партиите во власта, а тие за тоа очигледно не чувствуваат ни грам одговорност – изјави на денешната прес – конференција секретарот на СДСМ Анреј Петров.

Според нехо, предизвикувач и виновник за кризата е токму владината коалиција и смешни се сите обиди таа вина да ја префрлат на некој друг.

Петров потсети на низата скандали помеѓу владниот двојник ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ:

Министер за одбрана во Владата на РМ, без знаење на премиерот, придружуван од униформирани претставници на АРМ, исто така без знаење на претседателот на државата, се поклони пред споменикот во Слупчане. Претседателот на РМ, како врховен командант официјално повика на одговорност за скандалот, но Министерот за одбрана таквиот повик ноншалантно го одби. Со ова се покажа дека помеѓу партнерите во власта не само што нема координација, туку има и очигледен конфликт – рече Петров. Тој потсети дека конфликтот понатаму продолжи на терен, со поставување табли на училиштата во Чаир вон законска процедура. За тој потег Министерот за образование и Министерот за внатрешни работи се уште немаат јасен став и си ја префрлуваат топката. На истекот на последниот ден од поставениот рок за симнување на таблите, ситуацијата останува непроменета.

И за крај рече Петров најголем политички апсурд е односот на владејачката коалиција кон Законот за бранители, кој едниот коалиционен партнер во Владата го предлага во Собранието, а вториот вели дека никогаш нема да се донесе.

Петров праша зошто додека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се надмудруваат, Премиерот веќе трета недела молчи, институциите на државата се суспендирани, а државата е заложник на нивното препукување и пазарење?

На крајот ги повика да не се обидуваат како и за се, одговорноста за сопствените постапки да ја бараат кај други. Јавноста има право да знае до кога државата ќе биде заложник на нивните сплетки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено