Петров: Не може нов лидер со газење на авторитетот на Црвенковски

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, во интервју за „Утрински весник“, вели дека Бранко Црвенковски категорично кажал дека нема намера да даде кандидатура за претседател на партијата.

„Овие луѓе самоинцијативно, без кој било да ги организира, за брзо време, собраа петнаесетина илјади потписи, што сакаат да ги достават до партијата, надевајќи се дека така ќе извршат влијание за останување на лидерот. Тврдам дека зад овие луѓе не стои никој од раководството, дури и можам да кажам дека бевме некоректни спрема нив, бидејќи не им дозволивме да ги користат ресурсите на партијата за реализација на иницијативата, иако станува збор за партиски членови“, вели Петров.

Очекува од кандидатите за претседател на СДСМ да бидат коректни едни кон други.

„Меѓутоа, се случуваат и некои други работи. Има еден параноичен страв од собирањето потписи за останување на Црвенковски и јас не разбирам зошто е тоа така. Зошто некој што би сакал да биде кандидат за претседател се плаши од поддршката за Црвенковски ако верува во сопствената поддршка од страна на членството. Mоже да сe изгради авторитет и без газење на авторитетот на досегашниот претседател“, вели Петров.

Недозволиво е, според Петров, појавување на некои од кандидатите на различни медиуми, меѓу кои има и медиуми што се жестоки противници на СДСМ, со цел лична афирмација, неводејќи сметка за рефлексијата врз членството и симпатизерите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски