Петров: Легализација за едно евро на балконите и доградбите во Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општината Карпош од „Сојузот за иднината“, Андреј Петров на жителите од оваа општина им вети легализација за едно евро на балконите и доградбите во Карпош.

„На тој начин овие лојални граѓани на Карпош ќе имаат еднакви услови со останатите. Со зголемувањето на семејствата голем дел од овие наши граѓани ги претворија терасите во спални соби, во кујни. Тоа го направија во услови на намален стандард и отежната живеачка”, рече Петров.

„Паралелно со тоа сакам да ви најавам уште еден дел од мојата програма, а тоа е воведувањето „сервис за домување“ на општината преку организирање одржување на објектите, на зградите, со хаусмајстори или домари платени од општината.

– На овој начин ќе бидат вработени согласно законот за волонтери, околу илјада луѓе во Општина Карпош. Тие ќе имаат обврска да се грижат за колективните објекти во општината”, додаде Петров.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември