Петров: Гласините дека Црвенковски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје се обична небулоза

Од:

„Обична небулоза“ вака генерачниот секретар на СДСМ, Андреј Петров ги коментираше шпекулациите кои утрово ги раширија некои интернет портали.

Петров, од денешната прес-конференција од Бихачка, потенцираше дека Црвенковски е претседател на Социјалдемократскиот Сојуз и таа функкција е далеку повисока од функциите за кои се шпекулираше дека ќе биде кандидиран.

„Кандидатите на СДСМ за градоначалници ќе бидат промовирани на митингот на 28. октомври кој ќе се одржи во Скопје. Постапката за избор на кандидатите во телата на СДСМ, започнува утре и секоја шпекулација со имиња не прилега на демократска партија како СДСМ“, рече Петров на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана