Петров: Чаршиско озборување е дека сум кандидат за лидер на СДММ

Од:

Сашко Петров ги демантира информациите дека е еден од потенцијалните кандидати за нов претседател на СДММ.

„Сакам да ја информирам јавноста дека ова се типичини внатрепартиски влијанија кои го злоупотребуваат моето име. Со мене до сега никој не контактирал или консултирал на оваа тема. Исто така сакам јасно да кажам дека никогаш не станало збор дека и пред конгресот на партијата некој одлучил, или има право да одлучи за каква и да било функцијата во партијата.

– Сето ова што излезе во јавност, најпрво не е согласно статутот на партијата, и излегува дека оваа вест е типично чаршиско озборување.

Повеќе од очекувано е дека овие работи ќе се случуваат поради поразот кои го добивме на локалните избор.Се набрзо, на следниот партиски конгрес ќе се знае кој на која позиција ќе биде. Бидете стрпливи!”, вели Петров.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија