(ВИДЕО) Петров: Бранко не е ни болен, ни заморен, одлуката да не се кандидира е лична

Од:

На насобраните симпатизери на СДСМ, кои пред седиштето на Бихаќка чекаат да им се обрати Бранко Црвенковски и кои велат дека  нема да дозволат тој да се откаже од лидерската позиција, им се обрати секретарот на партијата Андреј Петров.

„Неговите мотиви да не се кандидира на конгресот не се дека е заморен ниту дека е болен или разочаран, но на два пати Црвенковски предупреди дека доколку одиме на вакви избори ќе освоиме само 3 општини. Црвенковски смета дека му е неуспех тоа што не успеал да го убеди членството“, рече Петров.

Побара сега да се води сметка за партијата бидејќи, рече, единствена цел е да се победи ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Потенцираше дека одлуката на Црвенковски да не се кандидира е негова лична.

Додека говореше Петров, симпатизерите извикуваа: Го сакаме Бранко! Бранко претседател!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби