Петрески: За бизнисот со Субрата Рој е земена провизија

Од:

Петрески се сомнева во добрите намери на проектот кој индискиот мијардер Субрата Рој треба да го гради во Љубаништа, иако како што вели секоја инвестиција е добредојдена за Охрид и тој ја прифаќа.

„Јас мислам дека за овие работи е земена провизија и по секоја цена, власта на заминување ќе сака на овие проекти да ги протурка. Се случува да се одзема имот на граѓаните, црквата, општината со експропријација, а сите тие на кои ќе им биде одземен имот ќе можат потоа да се жалат на суд. Судот ќе пресуди колку пари потоа ќе треба да им се исплатат. Убеден сум дека таму ако се гради некоја инвестиција, дека ниту 10% од градбата нема да биде хотел, туку тоа ќе бидат приватни апартмани за продавање. Токму тоа ќе се случи таму. За многу брзо ќе видиме што ќе се случува таму“ вели Петрески.

Петрески и овој пат ќе биде надвор од случувањата пр посетата на индискиот милијардер Субрата Рој. Петрески тврди дека воопшто не е извесетен ниту поканет да се сретне со Рој, а тоа вели само го покажува односот на централната власт кон локалната власт.

„Власта со закони кои ги носи за една вечер во парламентот врши одземање на ингеренциите на општина Охрид и го нарушува законот за локална самоуправа. Со сето тоа што го прават покажуваат и се однесуваат како непораснати и неиживеани деца. Носат закони онака како што сакаат, а не како што треба“, вели Петрески.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид