Петрески: Власта подготвува хајка против мене

Од:

Актуелниот градоначалник на Охрид Александар Петрески вели дека власта подготвува хајка против него, јави Радио Слободна Европа.

Тој објаснува дека тоа не било ништо ново за него и оти со тоа живеел веќе неколку години, затоа што и тој, како и општинската администрација, постојано биле изложени на контроли и секојдневие им било да работат заедно со инспекторите од полиција. Според него, општината Охрид била под политичко и економско ембарго од страна на власта.

– Се земаат стотици предмети на испитување и полицијата наместо да работи на откривање на криминал, врши комплетна ревизија на целото работење на општината. Тој притисок ние постојано го чувствуваме и јас и сите вработени во општината. Јас за ова сум разговарал со амбасадорите и им кажувам со податоци и со факти и тие ја знаат оваа ситуација. Јас сум изненаден на неколку месеци пред избори целиот комплетен тим во полиција да биде променет. Тимот кој беше до сега добро си ја вршеше професионално работата. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ од вработени на аеродром или невработени се вработуваат во полиција“, рече Петрески.

Тој истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ веќе работела на терен, за да им се „додвори“ на гласачите пред локалните избори.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски