Петрески вети дека ќе застане зад интересите на вработените и стечајците од „ЕМО“

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ Александар Петрески денеска  вети дека ќе застане зад побараувањата на вработените и стечајците од  охридски „ЕМО“, односно исплата на сите долгови на „ЕМО“, од страна на државата како негов доминантен сопственик.

На денешната прес-конференција одржана пред поранешниот гигант на охридското и македонското стопанство „ЕМО“, Петрески ја обвини централната власт за неисполнување на обврските ветени со најавениот план на Владата за ревитализација на компанијата.

– Владата изминатите седум години потроши 17 милијарди евра буџетски средства, а не успеа да издвои седум милиони евра за „ЕМО“ за да ги расчисти обврските кон вработените и побарувачите, истакна Петрески.

Во меѓувреме, од општинската организација на СДСМ од Охрид информираа дека во текот на изминатата ноќ непознати сторители го демолирале реонскиот изборен штаб на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ во населбата „Горна влашка маала“. За инцидентот бил известен Секторот за внатешни работи од Охрид, а во партијата очекуваат брзо откривање на сторителите и поголема будност за безбедноста на изборните штабови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија