Петрески: Овие избори се референдум

Од:

Овие избори не се обични локални избори. Тие се референдум за промена на катастрофалните политики на Груевски и ВМРО – ДПМНЕ.

Тоа го порача актуелниот охридски градоначалник Александар Петрески, кој на изборите в недела ќе се бори за нов мандат, како кандидат на „Сојузот за иднината“.

– Заедно со Вас ја напишавме и програмата и со секое наше решение, во секој наш проект се препознава вашиот удел, став и мислење. За разлика од владеачката партија која немилосрдно ги троши народните пари за кампањи, која не се воздржува, масовно врши притисоци, уцени и закани ние настапивме како што му личи на овој народ . Достоинствено, храбро и принципиелно, секогаш заедно со Вас, со граѓаните.Никола Груевски и Никола Бакрачески ги гледавме и пред вести , и по вести, и во утрински и во ноќни програми. Нивните лица излегуваа и во всници и на портали и на телевизии. Добро е што завршува кампањата, бидејќи доколку продолжеше сигурно ќе излезеа и од фридижер – рече Петрески.

Тој се заблагодари за поддршката на охриѓани и нагласи дека овие избори се реферндум против политиките на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

– На овие избори гласате еднаш, но вашиот глас вреди двојно. За продолжување на успехот на локалната власт предводена од Сојузот за иднината и во исто време за одземање на легитимитетот на централната власт. Да ги побдиме на локални избори и веднаш потоа да ги победиме на предвремени парламентарни избори – рече Петрески.

Тој ги повика охриѓани в недела да излезат масовно на избирачките места „и заедно да победиме два пати. Да победиме за нашата општина и да победиме за цела Македонија“.

Побара поддршка за него, оти тоа ќе е „заради иднината на вашите деца, заради иднината на Охрид и цела Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија