Петрески ја обвинува централната власт за нереализирани проекти во Охрид

Од:

Кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Сојуз за иднината“, Александар Петрески денеска оцени дека сите ветени и нереализирани проекти од страна на централната власт се „грдо лице на градот“.

– Грдото лице на Охрид е детската болница во Охрид, каде Владата ветуваше дека ќе изгради хотел „Хилтон“. Грдото лице на Охрид е и запуштениот објект на МРТВ и патиштата што водат кон Охрид, рече Петрески на прес-конференција.

Според него, грдото лице на Охрид се и автокамповите, за кои истакна дека законски се прогласени за земјиште од државен интерес, за да можат потоа да бидат продадени по едно евро за метар квадратен и да завршат во приватни бизниси.

За обвинувањата од противкандидатите во врска со средбата со вработените од образованието, Петрески рече дека сите добро знаат за што се зборувало. – Што зборувавме вчера и со жителите на „Железничка“ и со вработените во образованието, тие мошне добро знаат. Граѓаните најдобро ќе ценат и ќе знаат што зборувам јас, а што соопштуваат од ДПМНЕ на пресовите, истакна Петрески.

Напомена дека противкандидатите имаат уште три дена за да соберат храброст и да излезат на телевизиски дуел пред граѓаните. Очекува дека на претстојните избори убедливо ќе го освои третиот мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија