Петрески: Додека ние садевме дрвца ВМРО ДПМНЕ и полициските сили направија р’шум низ градот

Од:

И јас би сакал да се придружам на честитките за денот на пролетта и денот на екологијата, меѓутоа, додека ние бевме да садиме дрвца за тоа време се прави р’шум низ градот од страна на ВМРО ДПМНЕ и полициските сили, а каква е разликата помеѓу нас и нив можете и по тоа д увидите, затоа што додека ние садевме дрвца тие го кршеа изборниот штаб повторно во Воска, исто така затворија уште 10 тина фирми денеска, сите оние фирми компании каде што сум влезенизминативе 10 дена ги затвораат, а секако без никаков основ, рече Александар Петрески.

Во Косел, какошто рече тој и во некои други делови од градот шетаат и делат решенија за даноци за имот, кои се фалсификат, како да се потпишани од мене, се со цел да сoздадат револт кај граѓаните. И би сакал да апелирам до Вас како медиуми да пренесете да не ги земаат овие решенија, луѓето кои ги делат не се овластени за таа работа, решенијата се фалсификат, тоа е дело на Груевски, Гебелс и нивната компанија.

Ја користам оваа прилика, бидејќи испратив и писма до Американската амбасада, до ОБСЕ И ОДИХР под итно да испратат свои екипи во Охрид, бидејќи се прави р’шум низ градот, било од полициски служби , било од цивилни лица, од инспектори од Управа за јавни приходи , од пазарна инспекција и од други служби од централната власт, рече Петрески.

Значи охриѓани вчера беа тепани од полициски служби, тие се наши сограѓани без разлика за кого се работи. Исто така се апсат лица , а она што го спомнав за фирмите , што се посетуваат и се казнуваат и се пишат казни од 20-30 000 илјади евра , директорот на Националниот парк им се заканува на вработените. Тоа ни најмалку не личи на фер кампања.

Ако тоа се случувало сега, а не во недела тоа ќе било фер кампања. Овој повик го упатувам и како кандидат за градоначалник, меѓутоа и како актуелен градоначалник, затоа што не дај боже вака ако продолжи, може многу лошо да биде. Ако јас, штабот или младинциме имаме направено нешто лошо, нека кажат. За такви работи кај нас не се разговара. Никој член на оваа коалиција нема направено никаков проблем.

Kaко работи другата државна управа, конкретно министерството за транспорт и врски, ова е пример. На наша жалба од 2008 година, до Министерот Миле Јанакиески, дури денеска стигна писмо со одговор. А, кажуваат дека администрацијата мора да одговори за 15 дена, прават скапи реклами како се одговарало кон граѓаните, и сето тоа. Единствено што научија од Гебелсовата политика се тие скапи реклами што ги прават. Навистина експедитивно одговараат, од 2008 година, одговараат во 2013 година.

Се гледа кој ги прави проблемите!

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД