(ВИДЕО) Сојуз за иднината: Дали Бакрачески беше член на СДСМ?

Од:

Кој го постави за директор на Кардиолошката болница, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, прашуваат од Сојузот за иднината во Охрид

„Дали во 2006 година тој беше член на СДСМ и дали тогаш Бранко Црвенковски беше негов лидер? Бараме сите кандидати за советници од Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ да кажат од кога се членови на таа партија“, прашуваат од Сојузот за иднина.

-Сите што се на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ, од првиот до последниот и кандидатот за градоначалник никој не е од ВМРО-ДПМНЕ“, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Петрески.

„Вистинските вмровци се со ВМРО народна и со Љубчо Георгиевски, а сите други се дојднеци од другите партии. Ни еден кај нив не е од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петрески.

Петрески со фотографии кои ги покажа сакал да потсети кое било грдото лице на Охрид, односно работите кои актуелната владеачка гарнитура на централно ниво не ги реализирала за Охрид

„Тоа се некогашната детска болница на чие место владата требаше да гради хотел Хилтон, а која сега е уништена. Грдото лице на Охрид е и објектот на МРТВ кој пропаѓа, како и патиштата кои водат кон Охрид. Тоа се делата на ВМРО ДПМНЕ за Охрид“,  додаде Петрески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија