Петорица повредени во сообраќајка на патот Макреш-Бајловце, Кумановско

Од:

Пет лица биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 14.15 часот на локалниот пат помеѓу кумановските села Макреш и Бајловце. Повредените се надвор од животна опасност, но се задржани за понатамошно лекување во општа болница во Куманово, соопшти денеска Регионалниот Центар за управување со кризи.

Сообраќајната несреќа, според информациите од кумановската полиција, се случила при директен судир на два автомобила и двата „форд ескорт“. Како што појасни денеска портпаролот на СВР Куманово,Валентина Николовска, 39 годишниот З.Д со „форд ескорт„ кумановски регистарски таблички се движел по локалниот пат Војник- Бајловце, по што изгубил контрола, преминал на левата страна и директно се судрил со другиот „форд ескорт“  со штипски регистарски таблички, кој бил управуван од 26 годишниот возач од Штип со иницијали Д.Д.

Лекарите од кумановската болница потврдија дека возачот на автомобилот со кумановски таблички се здобил со скршеница на десна потколеница, а по укажаната помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, додека негов сопатник, возачот од Штип и двајца негови сопатници се здобиле со телесни повреди и се лекувани во кумановската болница.

Би можело да ве интересира

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски