Петнаесетина минути во прекин сообраќајот кај Пресека

Од:

Поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека денеска во периодот од 13 до 15 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот за возила со вкупна маса над пет тона, сообраќајот се уште се пренасочува преку мостот на реката Вардар.(Демир Капија – Корешница – Војшанци).

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on