Петмина повредени во тешка сообраќајка на стариот пат Ѓавато – Тополчани

Од:

Полицијата извести дека вчера во 20.30 часот во СВР Битола е пријавено дека на стариот пат Ѓавато – Тополчани, кај село Могила, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „цитроен“ управувано од Г.С.(37) од Могила и возило „опел вектра“ управувано од Б.Н.(20) од село Беранци.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот Г.С., а возачот Б.Н., В.С.(56) од Могила сопатник во возилото „цитроен“, М.А.(32) и М.Б.(21), двајцата од Беранци, сопатници во возилото „опел вектра“, се здобиле се телесни повреди констатирани во болницата во Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он