Петмина повредени во судар на возила на регионалниот пат Тетово – село Брвеница

Од:

Полицијата извести дека вчера во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Брвеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген пасат“ управувано од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, возило „мерцедес“ управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано возило „мерцедес“ сопственост на М.Ќ.(38) од село Боговиње, тетовско.

Во несреќата од движечкото возило „мерцедес“ со тешки повреди се здобиле две сопатнички – З.Р.(52) и една малолетничка, додека со телесни повреди од истото возило се здобиле возачот Б.З. како и уште две негови сопатнички – Р.З.(34) и Р.З.(26) сите од село Желино.

Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски