Петмина повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Кичево

Од:

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа која што се случила вчера во 15,30 часот на регионалниот пат Прилеп-Кичево, кај местото викано „Барбарас“. Во сообраќајната несреќа учествувале „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски таблички, управувано од А.С. (45) од Прилеп и камион со прилепски таблички управуван од Б.Р. (49) од селото Големо Коњари, Прилепско.

Според МВР, во несреќата со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и повреди на главата) се здобила сопатничката во „пасаот“, А.Е. (42) од Прилеп и по укажана лекарска помош во Медицински центар-Прилеп поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Возачот на „пасатот“ А.С. во незгодата се здобил со скршеница на десна надколеница и е задржан на лекување во Медицинскиот центар Прилеп. Исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на товарното возило Б.Р. како и неговите сопатниците, Б.Г. (35) и К.З. (46) од селото Горно Коњари-Прилеп.

Увид на лице место извршила увидна екипа, а по наредба на обвинителството, возилата се однесени на технички преглед.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски