Петмина дрвокрадци од Штип нападнале полицајци, двајца повредиле

Од:

Штипската полиција вчера попладне уапсила петмина жители на градот кои нападнале полицајци.

– На 21.12.2024 околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), сите од Штип, затоа што нападнале полициски службеници при вршење на службени дејства. Претходно, полициските службеници се упатиле кон манастирот „Воскресение Христово“ во атар на Штип, каде била пријавена кражба и по преземените мерки и активности во врска со тој настан, се упатиле кон Штип. При тоа, кај местото викано „Елките“, забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва. При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети, се вели во соопштението од МВР.

Еден полцаец испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што петтемина се приведени и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Двајца полициски службеници се здобиле со повреди.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар