Петковски: Земаат кредити како зависници дрога

Од:

Претседателот на НСДП, Тито Петковски на митингот на Сојузот за иднина во Велес порача дека денес во Македонија нема локална самоуправа.

Груевски и тие околу него локалната самоуправа ја доживаат како база за вработување на партиски послушници и како пералници на пари. Се растрчале по државава, ги затвориле кабинетите и одат во кампања низ општините.

Говорат дека Македонија се сакала со дела, и видите што ветија, а што направија, ништо за седум години не направија. Се задолжуваат постојано, кој тоа ќе го враќа? А, земаат кредити како зависници од дрога. И тоа што се случи на 24. декември беше од што не знаат поинаку да работат, а кој работи во темница, само крадец, рече Петковски.

Груевски на 24. декември беше испружен пред дилема-дали да истера пратеници и новинари или дали да прогласи банкрот на државата? Тие што го знаат Груевски знаат дека тој ќе тепа и се ќе направи само власта да ја задржи, рече Петковски во Велес.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада