Петковски: Се додека не изградиме темелен вредносен систем, умни поколенија со здрав менталитет, реформите во државата не се можни

Од:

Општинската организација на НСДП од Куманово вчера одржа изборна конференција на која се избра ново локално раководство. За претседател на општинскиот огранок делегатите на конференцијата го избраа Благојче Јакимовиќ, воедно избирајќи и нови членови на Извршниот одбор.

На конференцијата се обрати и претседателот на НСДП, Тито Петковски, кој, помеѓу другото, рече дека по изминати 14 годни на постоење НСДП на наредните предвремени парламентарни избори има шанса да ја оствари својата политичка зрелост.

„Шансите за успех ќе се зголемат доколку дојде до промена на изборното законодавство во насока на воведување на една изборна единица со низок праг или без праг за влез во парламентот. Но и да не дојде до промена на изборниот модел нашите програмски определби и визијата за Северна Македонија се конкурентни во однос на постојната политичка понуда на македонскиот политички пазар“, порача пред присутните делегати на конференцијата претседателот Петковски.

Тој оцени дека дека е вистинско време да се направи радикален пресврт во трошењето на парите што граѓаните ги обезбедуваат во Буџетот, во насока на давање на апсолутен приоритет на образованието, науката и културата.

„Доколку сакаме вистински реформи на македонското општество, вложувањата во овие сфери треба да бидат наши капиталани инвестиции. Со помош на меѓународни финансиски институции и добро структурирана економска политика Северна Македонија може направи реформи во економската сфера и во еден пократок временски период, но спроведувањето на реформите во образованието, науката и културата бара еден долгорочен и прецизно нијансиран процес. Само тогаш македонското општество ќе се постави на здраве нозе. Се додека не изградиме темелен вредносен систем, умни поколенија со здрав менталитет, реформите во Северна Македонија, во било која сфера, не се можни.

„Провинцијализмот и примитивизмот станаа новото гесло за привидот на единство во македонското општество, а националистичката идеологија стана нова парадигма. Со една мала група на луѓе од независната културна сфера и без системска насоченост не постои можност во општеството да се обликува критична свест отворени умови кон разноликоста и естетски вкус кај мнозинството од граѓаните. Културата по дефиниција бара самосвесни личности, а не пасивни конзументи, а самосвесни култивирани личности може да продуцираат само стабилни културни институции, кои културата ја разбираат и поддржуваат како долгорочен проект за културно, творечко и естетстко обликување на вкусот, мислењето и вредностите на сите граѓани“, рече Петковски.

Тој истакана дека конечно една Влада во Северна Македонија прави обид да му даде соодветен третман на човечкиот капитал, преку поместување на фокусот кон образованието, науката и културата, вклучително и ставањето на политички акцент на социјалната политика и здравството.

„Сите овие сфери од општественото живеење треба да се третираат како капитални инвестиции. Создавање на човечки ресурси кои на долги патеки за општеството во целина ќе донесат бенефити“, рече Петковски и надополни дека овој курс треба да се надогради со поставувaње на општествени цели за радикална трансформација во делот на работните односи.

„Како политичка партија уште од своите почетоци со програмата „И трудот е капитал“ понудивме модел за надминување на конфилктот помеѓу трудот и капиталот. Потребна е радикална трансформација, подеднакво и солидарно споделување на профитот и одговорносите помеѓу работодавачите и работниците“, порача Петковски во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска