Петков: Скопје има избор за сопствената иднина, Брисел ги поддржа бугарските позиции

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите национални интереси по гласањето „за“ францускиот предлог во бугарскиот законодавен дом и натаму Софија не може да сноси одговорност.

„Направивме нешто неверојатно. За првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција“, рече Петков додавајќи дека и самите, како што ги нарече, северномакедонски партии биле против предлогот.

Според Петков, тоа што бугарските позиции се заштитени од Брисел укажало на неверојатно успешна дипломатија.

Во интервју за БНР.бг тој образложи што ќе се случува доколку Македонија одлучи да го прифати предлогот.

„Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес. Второ, имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Трето, имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија“, рече Петков повторно повторувајќи дека зад спроведувањето ќе стои Брисел, а дека Македонија треба да биде дел од Европската Унија.

Тој ги коментираше и односите со претседателот Румен Радев.

„Моите последни остри забелешки против претседателот беа на следнава основа – кога имате гласање за недоверба и предлог кој го штити бугарскиот интерес, кога истиот ден како премиер ќе го исполнам моето ветување дека ќе поминам низ Народното собрание, нема смисла да зазема остар став. Чувството беше: што мисли овој претседател во моментов, не гледа ли дека има политичка нестабилност? Беше изненадувачки и запрепастувачки“, рече Петков.

Во врска со политичката криза во земјата Петков повтори дека се додека поединци од опозициските партии се инволвирани во корупција , ПП нема да води дијалог со нив .

„ПП нема да преговара со Слави Трифонов, Бојко Борисов, Дељан Пеевски и Костадин Костадинов . Имаме дијалог со ДБ и БСП. Мојот сон е да видам влада и парламент што не се контролирани од марионетски луѓе, а лидерите се независни. Луѓето кои имаат проблем со ПП, со мене како премиер, со Асен Василев како министер за финансии се тие на кои им застанавме на патот за да не ги трошат јавните средства на стариот начин “, рече Петков.

Би можело да ве интересира

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец