Петков му се јавил на Ковачевски поради искинатите венци и искршените стакла

Од:

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, барал објаснување од македонскиот премиер Димитар Ковачевски за инцидентите кои се случиле во Македонија. Ковачевски вели дека комуницирале телефонски за искинатите венци на гробот на Гоце Делчев и искршените стакла во Битола.

„Сакаше да се информира за два инциденти кои се случиле во нашата држава, едното е за искинати венци на гробот на Гоце Делчев и го информирав дека МВР ги прави потребните работи. И второто беше за искршено стакло во Битола, за кое полицијата кажа дека не станува збор за политички инцидент“, рече Ковачевски.

Прашан дали разговарале за политички прашања кои треба да се решат, тој негираше: „Во однос на отворените прашања, министерствата на двете држави работат на отворените прашања. Ако има напредок прифатлив за двете страни, тогаш МНР ќе соопшти, на ист начин како што министерот за надворешни работи веќе образлагаше“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски