Петкоска: Владината коалиција одамна има изгубено компас за квалитет и квантитет, таа е изедначена со поимот интерес

Од:

Како и до сега немаме образложение ниту зошто едни се разрешуваат, ниту зошто други се назначуваат, се говори за наводна реконструција без збор да каже што реконструира. Оваа коалиција одамна има изгубено компас за квалитет и квантитет, а се изедначува со поимот интерес. Никој од стабилното мнозинството не се јави за збор и да каже што план имаат новите кадри, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петкоска Лидија на денешната собраниска седница.

„Во нормална држава реконструкција на Влада се подразбира да се разреши некого заради тоа што застранил од планираните цели, немање капацитет да ја реализира зацртаната програма и слично па потоа се назначува друг со образложение каква е неговата визија и во што ќе биде подобар од тој пред него. Само кај нас се разрешува без образложение и се назначува исто без образложение“, рече Петкоска.

Петкоска посочи дека најлошо е што македонската јавност освен што власта ја измачи таа секојдневно е измачена со најлоши економски показатели дополнително ја измачувате со овој циркус кој при тоа нема никаква надеж за подобро утре.

Петкоска посочи дека претпоставува дека Љуљзим Алиу се разрешува од заменик министер за образование и наука затоа што лошите политики во образованието никако да запрат и заради тоа што УКИМ е на 1944 место според Шангајската Листа, наместо поголеми плати се вршеа притисоци закани и уцени кон наставниците, затоа што нема главни книги за 2022/2023-та година, неизвестен старт на учебната година без учебници и сведителства.

„Бидејќи неизбраниот премиер не знае зошто ги разрешува ќе се обидам да претпоставам дека Башким Хасани е разрешен од заменик министер кој раководи со Министерството за одбрана затоа што ја обвини ДУИ дека не дава отчет, затоа што вршеше избор на партиски војници во партиска организација, од министерството за одбрана беа и украдени документи со назнака строго доверливо чие неовластено отркивање може да ја загрози државата а никој не понесе кривична одговорност“, вели Петкоска.

Петкоска исто така претпоставува дека Абдул Шуќур се разрешува од министерство за земјоделство шумарство и водостопанство затоа што земјоделците ни се по улици бидејќи никако од оваа Влада не можат да ја добијат заслужената цена за своите производи а добиваат раст на цените на горивата, вештачките ѓубрива и другите трошоци.

„Со секој нов ден имаме по некој нов скандал и нова раскалаченост, затоа колеги од стабилното мнозинство единствено стабилно нешто во моментов е стабилната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред останатите политички партии“, децидна е Петкоска.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он