На брегот на Дојранското Езеро денеска ќе се одржи третата трката на пет километри од караванот трки покрај плажа „Beach Run 2017“, во организација на здружението „Прв до врв“.
Стартот е закажан за 18 часот под јаворите во Стар Дојран, а покрај досегашните учесници од трките во Скопје и Претор, за учество можат да се пријават сите оние кои сакаат да трчаат на трката на пет километри. Пријавувањето е преку веб страната prvdovrv.mk или на лице место пред трката.
На трката во Претор минатиот викенд, првите места ги освоија младите Марго Бојаџиева и Леонид Вандевски, со што наговестија неизвесност во конечниот пласман во целата серија трки.
По двете истрчани трки во Скопје и Претор, на табелата првите три позиции ги држат, во женска конкуренција Марго Бојаџиева, Весна Кираџиева и Катерина Шиповиќ, а во машка, Игор Јакимовски, Игор Цветановски, и Муџахид Мислимоски и Леонид Вандевски (го делат третото место).
По третата трка во Дојран овој викенд, следуваат трките во Маврово на 23 јули и финалната во Охрид на 30 јули.