Петерсен: Изборите се закажани на 5 јуни, ако не се одржат тогаш и тоа ќе го земеме предвид

Од:

Амбасадорот Јан Петерсен,шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР ги претстави улогата на Мисијата и претстојните активности за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. Мисијата почнува со работа денеска во Скопје.

– Ние нема да ги коментираме изборите, ќе оставиме фактите да зборуваат сами за себе, ние ќе ги регистрираме само фактите, а потоа останува на институциите и партиите како ќе ги искористат овие податоци.

Петерсен кажа дека Мисијата ќе објави два периодични извештаи, а се очекува дека изборите ќе ги набљудуваат тим од 12 експерти, 24 долгорочни, кои ќе бидат
распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, започнувајќи од 13 април и околу 300 краткорочни набљудувачи.

На новинарско прашање што доколку изборите сепак не се одржат на 5 јуни, амбасадорот Петерсен одговори дека и тоа ќе го земат предвид.

– Изборите се закажани за 5 јуни, понатаму не навлегуваме и дејствуваме врз основа на претходно закажаниот датум, но доколку се случи нешто непредвидено и тоа ќе го земеме предвид, но од она што го имаме како инфомарција од партиите, датумот е 5 јуни.

Амбасадорот рече дека се надева дека ќе воспостави добра соработка со ДИК и на денешната прес конференција не ја коментираше подготвеноста на за теренска проверка на избирачкиот список на ДИК.

– Теренски проверки нема да има од наша страна, а на теренската проверка на ДИК ќе се осврнеме во нашиот прв перидоичен извештај, рече Петерсен.

Мисијата ќе ја оценува усогласеноста на овие избори со заложбите на ОБСЕ и другите
меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со домашните
прописи. Набљудувачите внимателно ќе ги следат регистрацијата на кандидатите и
гласачите, активностите во кампањата, работата на изборната администрација и
соодветните владини институции, изборната регулатива и нејзината имплементација и
решавањето на изборните спорови.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски