Петерле: Има напредок во градењето доверба меѓу Атина и Скопје, но потребни се конкретни чекори

Од:

Алојз Петерле, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Делегацијата на ЕП на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Еворпска Унија, оценува дека е постигнат напредок за градење доверба помеѓу Атина и Скопје, но дека се очекува дека ќе следат и конкретни чекори.

– За да се најде решение за спорот во врска со името на Македонија, а тоа да биде прифатливо за двете страни, потребно е да вложат напори и Атина и Скопје, вели Петерле и нагласува дека е поголем оптимист отколку пред една година дека е можно да се постигне решение прифатливо за двете страни.

Тој истакнува дека тие кои ја следела целата ситуација во Македонија го поздравиле завршувањето на политичкиот застој кој долго време ја парализирал Македонија на патот кон ЕУ.

– Очекувањата од оваа Влада се уште се во рана фаза за да се види колку и што може да исполни од ветувањата кои ги даде во кампањата. Сепак задоволен сум што можам да слушнам дека многу соговорници гледаат нови моменти во соработката меѓу Брисел и Скопје. Треба да продолжиме да го надградуваме тој процес, вели Петерле.

Тој изрази уверување дека македонскиот политички врв знае што точно треба да направи за да се затвори процесот за приклучување кон ЕУ.

Во неговото интервју за „European Western Balkans“, Петерле како значајно прашање ги истакнува меѓуетничките односи, бидејќи тие се од клучна важност за припадниците на сите етнички ентитети да се чувстуваат како во своја куќа и да бидат вклучено во процесот на носење одлуки. За постигнување на тоа, најгаслува дека треба да се продолжи со изградбата на меѓуетничка доверба.

Би можело да ве интересира

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

Во Грција запленети над 2 тона небезбедни млечни производи од Бугарија – превезувани без ладилник

А1он

Во сообраќајка загина 15 годишно девојче во Грција – камион за ѓубре удри во моторот на кој се возеше

А1он

Малолетник од Англија загина во Грција – падна од хотелски балкон

А1он