Петар Шкориќ: Карамарко замина од лидерската позиција на ХДЗ, тоа треба да го направи и Груевски

Од:

Нормално и логично е оној кој е претставник на јавниот живот, лидер на една политичка партија, кога е вовлечен во афери и коруптивни скандали, тоа да станува неподнослив и голем товар за партијата, изјави за МКД.мк Петар Шкориќ, претседател на ХДЗ (Хрватска демократска заедница) на Сплит, еден од најблиските соработници на поранешниот претседател на партијата Томислав Карамарко и на сегашниот претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

„Сосема е сигурно дека таквиот лидер ја компромитира партијата и дека ја губи довербата и во таа смисла нема никакво сомневање дека ќе добие послаб резултат на изборите. Конечно, и вредноста на лицето кое е вмешано во сето тоа, неговата способност, доблест и големина е во вистински момент да се препознае во сета таа ситуација. И едноставно, да се повлече! Токму тоа! Да не биде товар на својата партија. Ако тоа го направи навремено, сигурно е дека и натаму би го имал влијанието во партијата, а ако остане лидер и ги изгуби изборите, тогаш сигурно ќе исчезне од политичката сцена“, вели за порталот Шкориќ, еден од најактивните пратеници во хрватскиот Сабор.

Се обидувам да ги следам настаните и во Македонија. Информиран сум доволно и во тек сум со таа афера. Нормално и логично е оној кој е претставник на јавниот живот, лидер на една политичка партија, кога е вовлечен во такви афери и коруптивни скандали, дека тоа станува неподнослив и голем товар за партијата, вели тој.

– Сосема е сигурно дека ја компромитира партијата и дека ја губи довербата и во таа смисла нема никакво сомневање дека ќе добие послаб резултат на изборите. Конечно, и вредноста на лицето кое е вмешано во сето тоа, негова способност, доблест и големина е во вистински момент тој да се препознае во сета таа ситуација. И едноставно, да се повлече! Токму тоа! Да не биде товар на својата партија. Ако тоа навремено го направи, сигурно е дека и натаму би имал евидентно влијание во партијата, а ако дојде до позиција да ги изгуби изборите, тогаш сигурно ќе исчезне од политичката сцена, вели Шкориќ за МКД.мк.

Еве примерот со Карамарко. Политичките набљудувачи сметаат дека по повлекувањето од лидерската позиција во ХДЗ, Карамарко остана да биде една од највлијателните личности во партијата. Нема нагласени и потенцирани индиции дека членството не го сака. Голем дел од јавноста оценува дека тој мошне модерно и политички дискретно го изведе своето повлекување, прашува порталот.

– Пред сѐ, Карамарко ја обнови и зајакна политичката партија ХДЗ и направи многу позитивни работи. Тој пет пати по ред победуваше на изборите! Слично и Груевски. Но, Карамарко на крајот се повлече. Во јавноста и низ медиумите почнаа да се провлекуваат некои работи, афери, кои всушност и не мора да се целосно вистински афери, но се создаде таков впечаток, и врз основа на тој впечаток проценивме дека ни предизвикува политичка штета. И нашиот клучен политички партнер МОСТ, почна тие работи да ги потенцира и тоа стана енормно голем товар со што влеговме во една позиција на слепа улица од која едноставно немавме друг излез. Тогаш самиот Карамарко процени дека токму тој е товарот и дека неговото останување на лидерската позиција е штетно за партијата, па сам се повлече и понуди своја оставка на сите функции што ги имаше. Тоа беше вистински зрел политички чекор со кој партијата е сочувана и спасена, вели Шкориќ.

И извори во ЕУ велат дека и на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент му е потребно нешто слично како што се случи во Хрватска. Политичкиот дискурс за ХДЗ преку ноќ е освежен со позитивни демократски вибрации што јасно се рефлектира во умерените тензии и конфронтации меѓу двете доминантни политички опции.

– Односот на секоја нација, „национален народ“, се манифестира и рефлектира пред сѐ во односот кон судбината на политичката опција која ја претставува. Значи, да ја штити својата сопствена позиција, себе, а не себичните сопствени интереси. И развојот на демократијата доведе до најбанални грешки луѓето да се повлекуваат и да одат во втор план. Според тоа, оној кој не е свесен за тоа, тој, во себе сигурно има белег на тоталитарен дух со кој расчистила и цела Европа, и модерниот свет и еве тоа го следат сите останати држави.

Уште еднаш за паралелата на таканаречените „сестрински партии“ Карамарко-Груевски? Како гледате на новиот лидер на ХДЗ, Андреј Пленковиќ?

– Добро, да повторам. Карамарко направи еден голем морален чин. Откако не успеа во Саборот да го спроведе т.н. „пресложување“ кое сам го предложи, тој донесе одлука да се повлече. Со оставката јасно покажа одговорност кон партијата и кон сите нејзини членови, истакнува Шкориќ за порталот.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација