Пет возила оштетени од невремето во Полошко

Од:

Пет патнички моторни возила од кои четири во Тетово и едно во Гостивар се оштетени како последица на невремето проследено со силен ветер и пороен дожд што доцна попладнево го зафати полошкиот регион, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според пријавите што до полицијата ги доставиле граѓани, едно возило било оштетено на улицата „Димо Гавроски Кара“ во Тетово откако од силниот ветер било откорнато дрво што паднало врз возилото. Две возила биле оштетени во населбата Шипад во Тетово откако врз нив паднал лимен покрив, а едно возило е оштетоно на улицата „Љуботенска“ откако силниот ветер подигнал деведесеттина цигли.

– Во гостиварско во Долна Бањица било оштетено Пежо 206, сопственост на 26 годишен жител на населбата откако додека било во движење врз него паднале лимови што биле оставени на улицата, а ги подигнал ветерот. Штетата во овој случај се проценува на околу 30 илјади денари, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија