Пет случаи на разбојништво вчера во Скопје

Од:

Вчера во периодот од 18:50 до 19:30 во Скопје биле извршени пет кривични дела „разбојништво“.

Околу 18.50 часот на бул. „Партизански Одреди“ две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над Т.Г., при што му одзеле 300 денари и слушалки од мобилен телефон. Околу 19.00 часот на бул. „Партизански Одреди“, во близина на Универзална сала, две непознати лица извршиле разбојништво над М.П., при што со закана со нож му одзеле пари. Околу 19.00 часот, на ул. „Даскал Камче“ две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над С.С. и Д.Д., при што им одзеле околу 400 денари и побегнале. Околу 19.30 часот, на автобуската станица кај Трговскиот центар Буњаковец две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над А.Р. при што му одзеле околу 500 денари и побегнале. И околу 19.30 часот, на ул. „Иван Козаров“ две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над тројца малолетници, при што им одзеле 500 денари и побегнале.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сите случаи.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош