Пет штабни офицери на АРМ на задача во Авганистан

Од:

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска имаше  средба со штабните офицери од составот на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат распоредени во рамките на регионалната команда на ИСАФ-Север, во Мазар Ел Шариф, Авганистан, која е во надлежност на Вооружените сили на Германија.

Како што соопшти ГШ на АРМ, тим од пет штабни офицери со различни специјалности, во наредните шест месеци ќе извршува задачи за обука, асистенција и советување на Авганистанските безбедносни сили.

Генералот Котески на штабните офицери им посака успешна работа, при што ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски