Пет повредени во судар меѓу три возила во Штип

Од:

Едно лице е потешко повредено, додека 4 лица се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип, по сообраќајна несреќа која се случила меѓу три возила.

Несреќата се случила на регионалниот пат Штип- село Кадрифаково, во близина на надвозник за селото К.Дол. се судриле три возила, од кои едното  „фолксваген“  со велешки таблички, и две возила „фиат“  и „опел“  со регистарски таблички од Свети Николе.

Потешко е повреден е возачот на опелот, 38 годишен жител на село Анзибегово, светиниколско.

„На 18.05.2023 околу 15.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-с.Кадрифаково, во близина на надвозник за с.К.Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.В.(52), патничко возило „фиат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Л.Х.(51), двајцата од с.Мустафино, светиниколско и патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(38) од с.Анзибегово, светиниколско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „опел“, И.Д., додека со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“, Л.Х., сопатниците од возилото „опел“, Б.С.(24) и Ф.Х.(26), двајцата од Свети Николе и сопатникот од возилото „фолксваген“, Д.П.(34) од Велес, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.“ велат од МВР.

На сите повредени им е укажана помош во Клиничката болница во Штип.

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница