Пет момчиња повредени во сообраќајка кај дебарско Долно Косоврасти

Од:

Пет момчиња се повредени во тешка собраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладне, кај месноста „Сепарација“ на патниот равец Дебар-Маврово, делница Долно Косоврасти-Бошков Мост.

Повредените момчиња на возраст од 20 до 23 години сите се од село Горно Косоврасти, кои се враќале од првомајски излет.

– Момчињата беа донесени во Општата болница во Дебар и по укажаната  прва медицинска помош, едното од нив, кое е во тешка состојба е  упатено на понатамошен третман во Клинички центар Скопје, другото во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” во Охрид, додека останите три се задржани на хирушкото одделение при нашата болница -изјави директорот на општата болница, Баки Халили.

Според денешните информации врз момчињата кои се на лекување во Скопје и Охрид, извршени се оперативни зафати, состојбата им е стабилна но сеуште се во тешка состојба.

– Несреќата се случила во 18,45 часот, момчињата биле во возило „ровер“ со пробни регистарски таблички. Лицето Хермудин Ќеримовски кое управувало со возилото изгубило контрола врз возилото кое излетало од патот и удрило во бетонски ѕид. Причина за несреќата е неприлагодената брзина према условите на патот, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Делницата Дебар-Бошков Мост има многу оштетувања кои претставуваат потенцијална опасност по безбедноста во собраќајот.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени