Пет маскирани лица нападнале и ограбиле 18 илегални мигранти од Сирија

Од:

На 17.04.2015 година околу 01.00 часот во нива во скопското село Студеничани, од страна на пет лица, облечени во маскирни униформи, била запрена група од 18 илегални мигранти од Сирија и под закана со огнено оружје од нив одземени биле 335 евра, 8.000 денари и 2 мобилни телефони.

За време на разбојништвото, соопшти денеска МВР, употребено било и огнено оружје од страна на едно од петте лица и притоа повреден е еден од сириските државјани во пределот на левата надколеница и истиот се здобил со телесни повреди. Веднаш потоа, од страна на сириските државјани совладано било лицето кое пукало, одземено му било оружјето и бил предаден во полициска станица. Се работи за Б.Ш.(20) од село Студеничани. Повредениот сириски државјанин со возило на ИМП бил пренесен во УЦ-Скопје, каде му се констатирани телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Против Б.Ш. по брза постапка ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додека пак по останатите лица интензивно се трага.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он