Пет лица повредени во сообраќајка кај тетовската патарина

Од:

Пет лица меѓу кои и едно двегодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Гостивар – Тетово во близина на тетовската наплатна станица.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски денеска изјави дека несреќата се случила вчера околу 14 часот кога патничко возило „ауди“ со австриски таблички загубило контрола и излетало од патот удрирајќи во заштитната ограда.

– Од излетувањето и удирањето во заштитната ограда со телесни повреди се здобиле возачот, трите сопатнички на возраст од 22, 27 и 48 години и едно двегодишно дете. Со друго возило тие биле пренесени во Тетовската клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината и поединостите во врска со несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодената брзина додека вкупната материјална штета се проценува на 150 илјади денари, изјави Јосифовски.

Возилото го управувал 29-годишниот К.А. а во сообраќајната незгода причинета е и материјална штета од околу 150 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски