Пет илјади посетители за еден ден на павилјонот на С. Македонија на „Дубаи Експо 2020“

Од:

Рекордни речиси 5000 посетители имаше вчера, 29 октомври, на павилјонот на Северна Македонија на „Дубаи Експо 2020“, на кој се претставени културните посебности, туристичките атракции, богатото историско наследство, како и етничката разновидност на нашата земја, соопшти Министерството за надворешни работи.

Северна Македонија учествува на овој најголем светски настан за оваа година со слоганите „Дом на секој чекор” и „Нови можности”. Во павилјонот се изложени теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видеопрезентации на Северна Македонија.

– Многубројните посетители од над 190 земји во светот имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Посебен фокус е ставен на можностите за економска и трговска соработка, како и инвестицискиот и бизнис потенцијал на земјава, поради што поставени се и дополнителни информативни панели за слободните економски зони, иновациите, земјоделството, енергетиката и туризмот, информира МНР.

Министерството посочува на придобивките од учеството на земјава на светската манифестцаија кои овозможуваат подигнување на видливоста на земјава во регионот на Блискиот Исток, како и во светски рамки, зголемување на бројот на странски туристи, креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски