Пет активни пожари во Македонија

Од:

На територијата на Македонија активни се пет пожари, а локализирани се пожарите над охридското село Октиси и во атарот на скопското село Света Петка.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот во месноста Биљак во атарот на селото Танушевци е сеуште активен, но со намален интензитет. Зафатена е ниска трева, а утрово е испратена екипа од шумското стопанство за гасење на пожарот.

Активен е и пожарот во атарот на селото Радуша и за негово гаснење утрово е испратена екипа од три пожарникари и едно противпожарно возило.

Се уште гори и кај селото Гургурница. Запалена е сува трева во месноста Локва, но постои опасност да биде зафатена и борова шума.

Активен е пожарот источно од селото Казандол кој вчера се прошири на повеќе правци, а беше загрозено и селото Фурка, но опасноста е надмината благодарение на интервенцијата на противпожарните екипи од Вландово, Гевгелија, Дојран, Богданци, шумското стопанство „Саланџак“ и интервенцијата од воздух, како и 100-те луѓе од селото. Со пожарот е зафатена површина од 300 хектари мешана шума (даб, габер, смрека, прнар), а во текот на ноќта на терен останале 15 вработени од Шумското стопанство „Саланџак“.

Синоќа избувнал пожар и меѓу Гевгелија и Прдејци, кој сеуште е активен. Гори сува трева и нискостеблеста шума во близина на пругата во должина од 10 – 15 км. На овој пожар интервенирале противпожарни екипи од Гевгелија, а за време на интервенцијата, железничкиот сообраќај во тој регион бил прекинат.

Пожарите над селото Октиси и во атарот на селото Света Петка се локализирани. Кај селото Октиси била Зафатена површина од 10 хектари сува трева на карпест непристапен терен, додека со пожарот кај селото Света Петка горела сува трева и грмушки на површина од околу 40.000 м2.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија