Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Од:

– На територија на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор до 12 часот денеска. Од нив, пет се сѐ уште активни, а другите два биле изгаснати, информираа од Центарот за управување со кризи.

Од активните, првиот е на територија на општина Шуто Оризари – кај „Џиди комерц“, каде гори ѓубре и сува трева. Вториот е во подрачје на општина Старо Нагоричане – село Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева. Шума гори во село Сретеново, општина Дојран. Останатите два се на велешка територија – покрај автопатот Велес – Штип кај Чолошево опожарени се ниска вегетација и сува трева, а на градската депонија гори ѓубре.

Од изгаснатите пожари денеска, едниот бил во општина Долнени – село Житоше, во близина на училиштето, гореле ниска вегетација и сува трева. Другиот пожар бил во регионот на битолското село Кукуречани, горело ѓубре.

Би можело да ве интересира

Вкупно 46 пожари на отворено, седум активни, еден под контрола

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати