Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

Од:

При упадот во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу не ми даде никаква команда за делување, рече Митко Пешов поранешен началник на Одделот за специјални полициски сили, обвинет за насилниот упад во македонскиот парламент.

– Никогаш немам влезено во штаб на политичка партија. Никогаш не сум имал поттик да се впуштам во нешто незаконско, на никој не должам ништо. Од секогаш сум ги почитувал наредбите. Ниту еден во еден момент на 27 април не добив законска наредба, рече Пешов.

Пешов е обвинет дека на критичниот ден, 27 април не ги извршил дадените команди од страна на Нухиу за делување на полициските сили со што дозволил насилен упад во Собранието каде физички беа нападнати пратеници и новинари.

Во воведните зборови на стартот од судскиот процес, Пешов истакна дека ги извршил сите наредби од надлежните старешини и дека откако бил повикан за 1 час дошол во оперативниот штаб во МВР од својот дом во Кавадарци.

Во тек се завршните зборови на обвинетите за крвавиот четврток. Судскиот процес започна со 33 обвинети, но по донесувањето на Законот за амнестија, амнестирани беа 15 обвинети меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов. Амнестија добија и организаторите на протестите За Заедничка Македонија, Владо Јовановски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници