Пешевски во посета на поплавените подрачја во Струмичко

Од:

Вице-премиерот во Владата на Република Македонија Владимир Пешевски, попладнево ги обиколи најкритичните поплавени места во општините Струмица, Босилово и Василево.

Пешевски ги посети Босилово и Турново, каде надојдените води од реката Струмица, поплавија големи обработливи површини и Сушево во општина Василево, каде вчераните поплави направија најголеми штети на инфраструктурните објекти.

Сумирајки ги впечатоците од денешната обиколка на теренот, вице-премиерот Пешевски во селото Дабиле, општина Струмица истакна дека поплавите предизвикаа големи материјални штети, но оти сепак со помош на Владата ќе се надминат сегашните состојби.

– Координативното кризно тело во Владата, во кое има повеќе министри, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на загрозените општини перманентно ги следат состојбите и преземаат мерки. Денеска одлучивме Министерството за екологија да направи проценка за состојбите на браните и истата за два до три дена да ја достават до Владата. Од овде апелирам до општинските комисии за проценка на штетите да излезат на терен и извршат проценка, кога ќе се создадат услови за тоа, бидејќи Владата има соодветна програма за обесштетување, рече Пешевски.

Врз основа на она што го согледал, додаде, недостасуват материјали, пред се песок, за да се направат насипи и вети помош во гориво.

– Ќе предложам да се дадат нови количини гориво за механизацијата, која е вклучена во расчистување на состојбата. Нашата основна цел во моментот е да се обезбедат населените места и домовите и животите на населението, а потоа обработливите површини. Во рамките на програмите на општините ќе се обидам градоначалниците да изградат канали за одводнување. Во тој дел Владат секоја година финансира расчистување на 80 до 100 километри одводни канали што донекаде ја ублажи ситуацијата со поплавите. Но, сепак локалната власт мора овој проблем да го свати сериозно и посвети поголемо внимание, изјави вице премиерот Пешевски.

Пешевски ги демантираше шпекулациите дека се врши испуштање на водата од браните. Тој истакна дека кај поголемите брани има капацитет за прибирање на вода во наредните денови и се уште нема прелевање. Единствен проблем, како што посочи, се јавил кај помалите брани, кои се градени во шеесетите години и најави дека за нив ќе се преземат посебни мерки за санација.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите