А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пешевски: Владата ќе инсистира на почитување на еколошките стандарди

by А1он17/12/2015 - 16:27102
Share0

Владата ќе инсистира на почитување на еколошките стандарди и за„Југохром“ и за сите останати индустриски капацитети. Со исклучок на „Југохром“ сите поголеми индустриски објекти  добија еколошка А лиценци. Доколку не се испочитуваат законските обврски се разбира дека државата ќе ги преземе сите потребни мерки, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Добивај вести на вибер

Согласно мерењата што се извршени, посочи Пешевски, присуството на ПМ 10 честички во близината на „Југохром“ е за неколку пати помало од она што е во градот Тетово.

„Југохром“ во овој момент работи со 20 проценти од капацитетот којшто е проектиран, што значи дека и ако има определено учество тоа не е преовладукое учество во загадувањето на градот Тетово, рече Пешевски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за проектот „Купи куќа за млади“.

Според него, актуелната Влада има преземено најголеми чекори досега за подобрување на еколошките стандарди во државата, со, како што рече, купување  голем број мерни станици, со проектот со кој се засадени речиси 50 милиони дрва, купувањето еколошки автобуси со повисоки стандарди во градот…

– За она што во определен момент имавме забелешки од бизнис заедницата за увоз на возилата, сепак ги заменивме старите возила коишто немаа никаков стандард барем за еден два што значи дека и тука се подигна за едно ниво стандардот. Ако се погледне се и во делот на законската регулатива и во делот на добивање  еколошки Б лиценци кои ги даваат општините за што соодветно се подготви законска регулатива се подготвуваат соодветни проекти во Министерството за животна средина како примероци за сите мали бизниси да ги испочитуваат еколошките стандарди, рече Пешевски.
Ова, додаде, е периодот кога првпат во Македонија реално почнало да се работи на подобрување на еколошките стандарди.

– Свесни сме за ситуацијата и во Тетово и во Скопје. Во Скопје имаше периоди кога некои од индустриските капацитети не работеа и немаше речиси никакво намалување на загадувањето.Значи проблемот е малку поширок. Во Министерството за животна средина се изработува проект со кој конкретно до април следната година ќе се добијат точни податоци кои се изворите на загадување во Тетово и со колкав процент учествуваат во вкупното загадување. Така што, на еден начин сочувствувам со жителите на Тетово и на Скопје каде што исто така загадувањето е високо но бидете сигурно дека сме посветени на овој проблем и она што е потребно и што се наши законски обврски ќе бидат преземени и испочитувани доколку оние што на некој начин учествуваат во загадувањето  не ги почитуваат, нагласи Пешевски.

Југохром, како што рече, до април следната година треба да ги испочитува стандардите утврдени согласно одлуката на Владата од пред две години. Доколку тоа не се случи ќе  следат соодветни законски мерки, рече вицепремиерот  Пешевски.

vlada

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен