А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пешевски се сретна со британски парламентарци

by А1он08/10/2014 - 14:00166
Share0

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска се сретна со членовите на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Брајан Бинли и Марк Причард.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, за време на средбата соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, нагласувајќи ја значајноста на натамошното подобрување на соработката меѓу двете земји во сите области кои претставуваат заемен интерес.

Меѓу другото, на состанокот беа дискутирани и повеќе актуелни теми кои се однесуваат на економските политики на Владата на Република Македонија, процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ, како и за реформите кои ги спроведува македонската Влада во областа на енергетиката чија цел е интеграција на домашниот пазар на енергија со пазарите на земјите членки на Европската унија.

Пешевски, како што се наведува, истакна дека македонската Влада презема низа мерки за економскиот и социјален развој на државата, како и да се одговори на предизвиците значајни за успешната интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, притоа нагласувајќи дека Македонија ја цени поддршката која ја добива од Велика Британија во овој процес.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Соговорниците се согласија дека Македонија се движи на вистинскиот пат и изразија задоволство од досегашната успешна соработка помеѓу двете земји, која претставува одлична основа за понатамошно јакнење на билатералните односи, економската соработка како и можностите за привлекување на странски инвестиции, стои во соопштението.

Британските политичари Бинли и Причард потенцираа дека и понатаму ќе останат посветени во однос на унапредувањето на билатералните односи на двете земји и давањето поддршка на нашата држава за добивање на членство во Европската унија и НАТО.

Членовите на Парламентот, Марк Причард и Брајан Бинли, за време на посетата на Македонија имаа средби и со премиерот Никола Груевски и други високи претставници на Владата и македонското Собрание.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео